Според информациите од кабинетот на албанскиот премиер, видеото го следи разговорот на Рама со еден од претставниците на компанијата која ќе овозможи лансирање на сателитот.
Снимката, која инаку прикажува сцени од лансирањата на ракетата на Спејсекс Фалкон 9, потврдува дека првиот сателит „Албанија 1“ во вселената ќе биде лансиран во март 2022 година.
Вториот сателит, „Албанија 2“, според видеото, ќе биде лансиран во јуни следната година.
„Албанија во орбитата. Неверојатно, но вистинито“, вели Рама во видеото, во кое не се објавени повеќе детали за местото на лансирањето и типот на сателитот.
Рама пред неколку дена најави дека Албанија ќе има свои сателити за да ја зајакне контролата врз целата територија на земјата.
Според албанскиот премиер, сателитите ќе се користат за цивилни цели.






