среда, 22 април 2026

Ракетен напад врз Кабул за време на молитвата близу претседателската палата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Три ракети паднале пред палатата, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Мирваис Станекзаи, додавајќи дека според досегашните информации нема повредени.

На видеото се гледа како Гани, облечен во традиционална авганистанска облека, стои во прв ред, дури не се ни поместува на ударот на ракетата, додека на некои верници им потклекнале колената од звукот на детонацијата.

Нападот за кратко ја прекинал молитвата на насобраните верници во палатата, на која присуствувал и претседателот Ашраф Гани, според снимките објавени на локалната телевизија. Сепак, молитвата продолжила, а Гани подоцна одржал говор во дворот на палатата, што е емитуван на локалните медиуми.

Несигурноста расте во Авганистан поради интензивирање на борбите во бројни покраини и големиот напредок на талибанците по повлекувањето на американските трупи и сојузници. Оваа година, за разлика од претходните, талибанците не прогласија примирје за Курбан Бајрам.

Петнаесет дипломатски мисии и мисијата на НАТО во Кабул ги повикаа талибанците да ги запрат офанзивите само неколку часа откако талибанците и авганистанската влада не постигнаа договор за прекин на огнот во Доха.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ