сабота, 25 април 2026

Рафали во Кабул: талибанците пукале за да разбркаат демонстранти (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Авганистанците излегле на протести по посетата на Авганистан на шефот на разуанавачката служба на Пакистан Фаиз Хамид на покана на талибанците.

Како што наведува француската агенција, „талибанците испукале неколку рафали во воздух за да ги разбркаат десетиците Авганистанци кои протестирале против мешањето на Пакистан во работите на Авганистан“. Како што кажал еден од учесниците на протестот, демонстрантите прошетале до амбасадата на Пакистан. Претходно портпаролот на талибанското движење Забихулах Муџахид ги повика граѓаните да се воздржат од протести и демонстрации, бидејќи државата „тукушто излегла од криза“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ