недела, 3 мај 2026

Путин: Русија може да почне со испораката на гас веднаш штом Германија ќе го одобри Северен тек 2

Објавено на

часот

Сподели

Гасоводот кој преку Балтичкото Море ги спојува Русија и Германија го финансираа рускиот енергетски џин Газпром и неговите европски партнери, и покрај противењето на САД и некои европски земји како Украина и Полска.

Гасоводот е изграден и сега чека одобрение од германскиот регулатор за да почне со комерцијална продажба на гасот, но процесот на одобрување би можел да потрае неколку месеци.

„Ако германскиот регулатор даде одобрение утре, испораката на 17,5 милијарди кубни метри гас ќе почне задутре“, кажа Путин. Тоа количество би претставувало раст на руските испораки за 10 отсто, пишува Фајненшал тајмс.

Фирмата која управува со Северен тек 2, со седиште во Швајцарија, во понеделникот јави дека го наполнила првиот крак на гасоводот со „технички“ гас.

Путин кажа дека Русија се подготвува да го наполни и вториот крак до средината на декември.

Москва истакнува дека Северен тек 2, кој ќе ги удвои руските капацитети за испорака на гас преку Балтикот на 110 милијарди кубни метри, би можел да биде спасот за европскиот пазар со тој енергенс, соочен со недостиг и огромен раст на цените.

Аналена Бербок, копретседателка на партијата Зелени која многу веројатно ќе биде дел од новата владејачка коалиција со социјалдемократите (СПД) и либералите (ФПД), во четвртокот кажа дека Германија не би смеела да го одобри тој гасовод, пренесува Политико.

Од друга страна Олаф Шолц, веројатниот иден премиер и лидер на СПД, партијата која освои најмногу гласови на изборите, го поддржува гасоводот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ