Европа, чија една третина од гасот доаѓа од Русија, се соочува со енормен раст на цените на гасот, во позадина на растечката побарувачка за гас поради подобрената ситуација со епидемијата на коронавирусот.
Извршниот директор на Газпром Алексеј Милер изјави денес дека планира завршување на полнењето на руските резерви со гас до 8 ноември, по што ќе следи зголемување на испораките на гас во ЕУ.






