„Нашите американски партнери, така да ги наречеме, во претходните години, за наводно да ги обезбедат своите интереси и својата безбедност, илјадници километри далеку од својата територија, правеа сурови нешта без каква било реакција на Советот за безбедност на ОН. Југославија беше бомбардирана – под кој изговор? Каде е Југославија, а каде се САД? Ја уништија таа држава“, кажа денес Путин на проширениот состанок на Колегиумот на министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесуваат руските агенции.
Putin reminds about how US bombed Yugoslavia without any UN sanctions and ponders the question: Who gave them the right to attack and bomb a European capital? pic.twitter.com/i511rr5LF5
— RT (@RT_com) December 21, 2021
Тој потсети на конфликтите и проблемите со кои се соочуваше тогашна Југославија, но праша кој им го даде правото на Американците да бомбардираат една европска престолнина.
„Никој. Тие самите тоа го одлучија, а сателитите трчаа по нив и климаа со главите. Тоа сè е меѓународно право“, кажа Путин.
Претседателот на Русија додаде дека Американците влегоа и во Ирак, ја разурнаа таа земја, и создадоа од неа легло на меѓународниот тероризам.
„Тогаш се покажа дека разузнавачките податоци не им се точни. А како влегоа во Сирија, како, со дозвола од Советот за безбедност? Не. Прават што сакаат“, заклучи тој.






