сабота, 2 мај 2026

Путин ги обвини Европејците за огромниот скок на цената на гасот

Објавено на

часот

Сподели

„Нивната политика се состоеше во повлекување од долгорочни договори, што се покажа како погрешно“, рече Путин за време на состанокот со претставници на рускиот енергетски сектор.

„Тие погрешија“, додаде тој.

„Како резултат на тоа, цената на гасот ги сруши сите историски рекорди и денес се приближува до 2.000 долари за илјада кубни метри гас или десет пати повеќе од просечната цена минатата година“, додаде рускиот претседател.

Европа, чија една третина од потребите за гас ги покрива Москва, со години вели дека сака да има различни извори на снабдување, но без никаков ефект.

Путин рече дека еден од факторите што влијае врз цените е раскинувањето на „долгорочните договори“ што би ги врзало со Москва на неколку години, во корист на т.н спот маркет.

„Се покажа, а денес ова е апсолутно очигледно, дека оваа политика е погрешна“, рече Путин.

Во средата, цените на гасот во Европа и Велика Британија соборија нови рекорди и пораснаа за 25 проценти, додека побарувачката не престанува да расте пред зимата на северната хемисфера, со ограничени резерви и намалени залихи.

Критичарите ја обвинија Москва дека намерно ја ограничува испораката на гас за Европа во обид да го забрза лансирањето на „Северен тек 2“, контроверзен гасовод што ја поврзува Русија со Германија.

Претходно во средата, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ги негираше овие тврдења.

„Прво и основно – не само што мислиме – туку и инсистираме дека Русија нема и не може да има никаква улога во она што се случува на европскиот пазар на гас“, рече Песков за новинарите.

„Русија ги исполни, исполнува и ќе продолжи одговорно да ги исполнува сите обврски од постојните договори“, рече Песков.

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ минатиот месец објави дека гасоводот вреден 10 милијарди евра (12 милијарди долари) е завршен, а Кремљ соопшти дека неговото лансирање ќе помогне во борбата против енергетската криза во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ