„Им благодарам на Европејците за санкциите во земјоделството и за санкциите воопшто, но ние воведовме контрамерки во врска со земјоделството, вложивме соодветни ресурси, патем речено, не само во земјоделството туку и во заменскиот увоз во оваа индустрија. И треба да се каже, ефектот е добар. Најпрвин се плашев, не го кријам тоа, но вкупниот ефект е мошне добар”, рече Путин денеска на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај” во Сочи, пренесува ТАСС.
Рускиот претседател истакна и дека Русија го зголемува снабдувањето со храна на светскиот пазар.
„Извозот на нашата храна веќе надмина 25 милијарди долари. Ова веќе многупати го имам кажано и сакам уште еднаш да им се заблагодарам на нашите земјоделски производители. Тие, пред сѐ, направија добра работа”, нагласи Путин.






