сабота, 18 април 2026

Пукање на плажа во Албанија, убиени се четири лица, се скарале за лежалки

Објавено на

часот

Сподели

Конфликтот се случил по полноќ, а деталите сè уште не се познати.

Според полицијата, до пресметката дошло по кратка расправија.

Албанските медиуми објавија дека тепачката се случила меѓу двајца сопственици на хотели лоцирани еден до друг. Двете групи наводно се скарале за лежалки.

По престрелката, големи полициски сили вчера ја опколија Велипоја. Шефот на скадарската полиција, Нико Брахимај, преку изјава за медиумите ги даде деталите за овој настан.

Тој рече дека во конфликтот биле користени повеќе од едно оружје и дека полицијата ги запленила безбедносните камери за да ги открие и да ги изведе сторителите пред лицето на правдата.

„Околу 00.30 часот во Велипоја се случи многу сериозен криминален настан… поради поделбата на сопственост над просториите или над песочните површини што се користат за поставување шатори и лежалки.“

„Наскоро ќе има уапсени луѓе“, рече Брахимај.

Меѓу жртвите има лица на возраст меѓу 20 и 59 години.

За двајцата ранети постои сомнеж дека учествувале во конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ