недела, 3 мај 2026

Првпат Маорка стана генерален гувернер на Нов Зеланд (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Обраќајќи се пред малобројната публика на церемонијата на заклетвата, Киро рече дека е горда на своето двојно маорско и британско наследство.

„Заедниците развиваат отпорност кога луѓето се чувствуваат поврзани и имаат чувство на припадност“, рече таа во говорот на церемонијата.

Генералниот гувернер извршува уставни и церемонијални должности во поранешната британска колонија во име на британскиот монарх, кој останува официјален шеф на државата.

„Ќе се поврзам со новите мигранти и поранешните бегалци и ќе ги промовирам различните култури и религии кои на нашата нација ѝ ги даруваа оние кои одлучија да го направат Нов Зеланд свој дом“, рече Дејм Синди Киро.

Многу Маори, кои сочинуваат околу 17 проценти од населението на Нов Зеланд, и понатаму се во социјална и економска неповолна положба. Тие водат во кривично-правната статистика, имаат бројни здравствени проблеми и повеќето од децата што завршуваат во државна заштита се од таа заедница.

Илјадници Маори излегоа на улиците во 2019 година барајќи социјална правда и права на земјиштето.

Синди Киро имала академска кариера и важна позиција на неколку универзитети во Нов Зеланд.

Има докторат за социјална политика на Универзитетот во Окленд и прва во своето семејство го стекнала тој статус.

Премиерката Џасинда Ардерн го поздрави назначувањето на Дејм Синди. Таа обезбеди втор мандат и го именуваше до сега најразличниот парламент во земјата, кој вклучува голем број жени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ