четврток, 7 мај 2026

Првите туристи што сами си платија патување во вселената се вратија на Земјата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јусаку Маезава, 46-годишен милијардер, неговиот помошник Јозо Хиноро и рускиот астронаут Александар Мисуркин се спуштија со падобран во казахстанската степа во 4.13 часот утрово.

„Заврши туристичкиот лет на леталото Сојуз МС-20“, се наведува на веб-страницата на Роскосмос.

Двајцата Јапонци се првите туристи што сами си го платија патувањето. Ова е прва туристичка посета на вселенската станица од 2009 година.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=0Yq5rWZS02E autoplay:0]

Цената на патувањето не е објавена.

Беше планирано Хиноро да ја сними целата мисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ