четврток, 7 мај 2026

Првиот потег на новата шефица на германската дипломатија – закана до Русија

Објавено на

часот

Сподели

Бербок ја истакна потребата да се координира заеднички европски став за трупањето руски воени сили во близина на границата со Украина.

Таа кажа дека „нема да преговара за територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина“ и дека приоритет мора да биде избегнување на воена ескалација“.

„Русија би платила висока политичка и економска цена за повторно кршење на украинската државност“, кажа Бербок за време на заедничката конференција за медиумите со францускиот министер за Европа и надворешни работи Жал Ив ле Дријан.

Бербок додаде дека решение може да се најде само по дипломатски пат, и дека и таа и Ле Дријан се спремни да се ангажираат по тоа прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ