петок, 24 април 2026

Првата група евакуирани Авганистанци пристигнаа во Албанија

Објавено на

часот

Сподели

Владиниот портпарол го потврди доаѓањето на Авганистанците во Тирана, без да даде повеќе детали. Тој пред да слета авионот рече дека се очекува да пристигнат 171 евакуиран.

Од авионот излегоа мажи, жени, деца и постари лица, кои беа тестирани за коронавирус при пристигнувањето, а по регистрацијата беа префрлени во хотели.

Албанија е една од првите земји што понудија привремено прифаќање на евакуирани Авганистанци, откако талибанските екстремисти ја презедоа власта во таа земја.

Премиерот Еди Рама рече дека Албанија може да прифати до 4.000 Авганистанци.

Владата рече дека Авганистанците можат да останат во Албанија најмалку една година, за време на која ќе аплицираат за специјални американски визи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ