четврток, 16 април 2026

Произведувачот на Спутник V: Нашата вакцина штити против сите соеви, вклучувајќи го и делта

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот главен град и регионот, како и вториот град во земјата Санкт Петербург, зафатени се со новиот бран и имаат рекордни бројки на заразени.

Александар Гинтсбург, директорот на центарот Гамалеја кој го произведува Спутник V, кажа дека двете дози од вакцината штитат од сите сега познати варијатни, од британската до индиската делта.

Со тие изјави го поттикнува руското население на вакцинирање во време кога кампањата за вакцинација е во застој поради недовербата и покрај постојаните повици на рускиот претседател Владимир Путин.

Властите на регионот на Москва денес информираа за најголемиот дневен број на заразени од почетокот на епидемијата со 1.811 случаи.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин кажа дека околу 90 отсто од новозаразените ја имаат позаразната делта варијанта, која се појави во Индија и се заканува да ги преполни болниците на главниот град.

Руската влада објави дека од ковид-19 умреле 129.801 заболени, што е најмногу во Европа, додека статистичката агенција наведува дека од почетокот на пандемијата умреле околу 270.00 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ