Таканаречениот Бутлег пожар, еден од најголемите шумски пожари што го погодија западниот дел на САД, проголта повеќе од 241.000 хектари шума, т.е. уништи област поголема од површината на Њујорк.
Иронично, густиот чад што се протега низ регионот може делумно да ги ублажи ефектите на топлотниот бран што се очекува викендов во областа на Карпестите Планини, вклучително и делови од Монтана, Вајоминг, Јута и Колорадо.
Пожарот од 6 јули, кога избувна кај Кламатските водопади (400 км јужно од Портланд) се прошири на Националната шума Фремонт-Винем. Причината сè уште се испитува.
Пожарот уништи најмалку 21 куќа и 54 други објекти, соопштија властите. Одделот за шумарство во Орегон во петокот соопшти дека се загрозени над 5.000 домови, околу 3.000 повеќе од претходниот ден.






