Додаде дека „не може да се направи сè одеднаш“.
Курти за телевизијата КТВ кажа дека на состаноците во Брисел го изнел предлогот за реципроцитет околу правата на националните малцинства „на Косово и во Србија“, но дека тој предлог бил одбиен.
„Добро сме подготвени за да нема неуспех кога ќе воспоставиме целосен реципроцитет. Во моментов имаме реципроцитет за регистарските таблички, но ќе го примениме и на други области. Битката продолжува, ќе примениме реципроцитет но не можеме сè одеднаш“, кажа косовскиот премиер.
Курти кажа дека верува дека ќе биде воспоставен целосен реципроцитет но додаде и дека косовската влада мора да спроведе стратегии кои реципроцитетот ќе го направат применлив.
Негираше дека му била ускратена виза за САД и додаде дека неговиот кабинет подготвува посета на таа земја за следната година.
Курти ги отфрли тврдењата дека го променил односот кон новинарите по доаѓањето на власт, наведувајќи дека е „најтранспарентниот премиер“ кој Косово го имало.
„Јас сум и премиер кој одговорил на повеќето пратенички прашања за кои поднесувам сметка. Имавме 120 конференции за медиумите за осум месеци. Тука се и конференциите на министерствата, заменик премиерот или замениците министри. Што се однесува до транспарентноста, направивме доста и кога станува збор за официјалните документи. Одговоривме на 406 прашања на новинари, од 441 барање“, кажа Курти.






