„Вие одлучувате, или ќе се вакцинирате или одите во затвор“, им порача Дутерте на граѓаните во телевизиско обраќање по извештаите за слабиот одзив на вакцинирањето во главниот град Манила.
Забелешките на Дутерте се во спротивност од тврдењата на неговите здравствени функционери кои кажаа дека, иако луѓето треба да се вакцинираат, тоа е сепак добороволно.
Од 20 јули на Филипините се целосно вакцинирани 2,1 милион луѓе, што е многу мал напредок имајќи предвид дека целта на владата е до крајот на годината да се вакцинираат до 70 милиони луѓе, во земјата со 110 милиони жители.
„Не сфаќајте ме погрешно, но земјата е во криза. Огорчен сум на граѓаните кои не ја почитуваат својата влада“, кажа Дутерте. Тој е веќе критикуван поради остриот пристап во сузбивањето на заразата, меѓу другото и поради цврстата одлука училиштата да останат затворени.






