вторник, 2 јуни 2026

Претседателот на Чешка: Илузија е дека по мирот во Украина, Русија нема да продолжи со хибридната војна

Претседателот на Чешка, Петр Павел денес во дебата со студенти во Куновице предупреди дека е илузија дека Русија ќе се откаже од хибридните напади врз европските земји, бидејќи Русија ја означи Чешка, држава и членка на НАТО пактот, како непријател и се однесува како империја.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

“Русија нè означува нас, како држава и членка на НАТО, за непријател и би било наивно да се преправаме дека тоа не е така. Русија е земја која, за жал, се однесува како империја и настојува да владее и да контролира земји околу себе”, изјави чешкиот претседател пред учениците на Средното воздухопловно училиште во Куновице, на истокот на Чешка.

Павел предупреди дека е голема илузија дека мирот ќе владее во Европа откако ќе заврши војната во Украина и дека Русија ќе се однесува како пријателска земја.

„Не велам дека Русија ќе започне војна со НАТО веднаш по завршувањето на војната во Украина, но може и ќе продолжи со она што го нарекуваме хибридно војување“, рече Павел.

Чешкиот претседател прецизираше дека има предвид различни форми на нарушување на воздушниот простор на други земји, провокации на границите, обиди за влијание врз јавното мислење преку разни кампањи и операции на мрежи во медиумите, како и сајбер напади.

„Сето ова веќе се случува сега и ќе продолжи. Треба да бидеме подготвени да се справиме со тоа. Бидејќи, ако не бидеме, Русија ќе испитува колку далеку може да оди, таа отсекогаш го правела тоа“, рече чешкиот претседател.

Петр Павел им рече на младите луѓе дека тие не се таканаречени снегулки, дека не се толку чувствителни и кревки како што постарите генерации честопати ги обвинуваат, и додаде дека е малку веројатно дека некој би можел да ги обвини што пораснале во мир и благосостојба.

Тој, исто така, апелираше Чешката во интерес на развојот да се согласи и да утврди неколку стратешки приоритети, како што се безбедноста и образованието.

„Ако не поставиме четири или најмногу пет главни приоритети, тешко дека ќе бидеме успешни. За жал, владите имаат тенденција да имаат премногу, не зборувам за одредена влада. Земјата тогаш не инвестира доволно средства во ниту една од нив“, рече претседателот за време на посетата на регионот Злин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ