сабота, 2 мај 2026

Претседателката на Тајван: Ќе ја браниме нашата слобода

Објавено на

часот

Сподели

Тајван објави дека околу 150 авиони на кинеските воздухопловни сили влегле во неговата зона на воздушна одбрана во четиридневниот период што започна минатиот петок, пишува Ројтерс.

Тајван претходно се жалеше на кинеските активности, кои ги смета за „војна во сива зона“, чија цел е да ги искористи тајванските вооружени сили и да ја тестира нивната способност да одговорат.

„Тајван не бара воена конфронтација“, рече Цај на безбедносниот форум во Тајпеј.

„Се надеваме на мирен, стабилен, предвидлив и заемно корисен соживот со нашите соседи. Но Тајван исто така ќе стори сѐ што треба за да ги одбрани слободата и демократскиот начин на живот“, рече таа и додаде дека за просперитет на Индо-Пацификот му треба мирна, стабилна и транспарентна средина и дека има многу можности во регионот.

„Ова носи и нови тензии и системски противречности, кои може да имаат катастрофално влијание врз меѓународната безбедност и глобалната економија, ако не се постапува внимателно“, рече претседателот.

Ингвен посочи дека Тајван ќе работи заедно со другите земји во регионот за да обезбеди стабилност.

„Тајван ѝ е целосно посветен на соработката со регионалните играчи со цел да се спречи оружен конфликт во Источно Кинеско и Јужно Кинеско Море, како и во Тајванскиот теснец“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ