петок, 1 мај 2026

Прекинат транзитот на руски гас за Унгарија преку Украина

Објавено на

часот

Сподели

Транзитот преку Украина во петокот, кога Газпром ги почна испораките до унгарските потрошувачи преку Турски тек, не прекина целосно, како што соопшти украинската страна, туку беше намален речиси четири пати, а во саботата уште за половина, покажуваат податоците на операторот за гасниот транзитен систем на Украина.

Украинскиот оператор соопшти во петокот дека Газпром го прекинал транзитот на гас за Унгарија преку украинската територија, почнувајќи ги испораките за Унгарците преку Турски тек преку Бугарија и Србија во рамки на новите договори постигнати на крајот на септември.

Притоа, капацитетите за Унгарија, договорени со Газпром за целата гасна година, од 1 октомври до 30 септември следната година, изнесуваат 24,6 милиони кубни метри дневно.

Според информациите на сајтот на операторот, пумпањето гас преку пунктот Берегово на границата на Украина со Унгарија не прекинало тој ден и изнесувало 4,82 милиони кубни метри. На 30 септември пумпањето било 3,8 пати поголемо и изнесувало 18,53 милиони кубни метри.

Во саботата транзитот се намалил двојно во однос на петокот, на 2,31 милиони кубни метри.

Според податоците на унгарскиот оператор ФГСЗ, во неделата немало транзит на гас преку Украина за Унгарија на пунктот Берегово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ