Пожарот, кој брзо бил ставен под контрола, избувнал нешто по полноќ и зафатил една болничка соба. Шест пациенти од соседните соби се евакуирани во другите делови на болницата, изјави регионалниот началник на противпожарната служба Владимир Демирев.
Пожарникарите пронашле двајца мртви пациенти, додека третиот добил тешки изгореници и бил префрлен во друга болница, каде што подоцна починал.
Причината за пожарот сѐ уште се истражува, но најверојатно е предизвикан од цигара запалена од еден од пациентите, соопшти Министерството за здравство.
Во болниците во Бугарија има повеќе од 8.000 пациенти, вклучително и 700 на одделенијата за интензивна нега, додека земјата денеска ги одржува третите парламентарни избори оваа година.
Бугарија има најниска стапка на вакцинација во Европската Унија и една од највисоките стапки на смртност од ковид-19 во ЕУ, со рекорден број дневни случаи на заразени регистрирани во текот на октомври.






