среда, 22 април 2026

Повеќе од 150 мртви во поплавите низ Европа, по исчезнатите сè уште се трага (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците објавени во саботата, вкупно 133 лица загинале во западните региони на Германија, додека во регионот Северна Рајна-Вестфалија официјалните лица во петокот потврдија 43 смртни случаи.

Спасувачките служби продолжуваат да работат ширум Западна Европа откако над 150 лица загинаа во поплавите предизвикани од обилни дождови во делови на Германија, Белгија, Франција, Швајцарија, Луксембург и Холандија.

Полицијата во Германија во саботата наутро соопшти дека очекува зголемување на бројот на смртни случаи во областа Ахрвајлер, кризно жариште во покраината Рајнска област-Пфалц.

Тамошната полиција примила 618 пријави за повредени.

Во долината Ахр се оштетени мостови и патишта се блокирани, а полицијата побара од жителите да ја избегнуваат областа за да го олеснат движењето на спасувачките возила.

Повеќе од два дена откако поплавите го погодија регионот, многумина сè уште се водат како исчезнати. Во тек е потрага и спасување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ