понеделник, 4 мај 2026

Повеќе европски земји ставаат бодликава жица поради мигрантите, Германија ги брани

Објавено на

часот

Сподели

Полска побара 350 милиони евра и мобилизираше илјадници војници на границата за кревање ограда на својата граница со Белорусија.

На прашањето за потребата од таа ограда која ја грди Полска, министерот за внатрешни работи изјави за Билд: „Ни се чини легитимно штитењето на надворешната граница (на ЕУ) за да ги спречиме нелегалните преминувања“.

Илјадници емигранти, главно од Блискиот Исток, се обиделе да ја минат границата во август, во миграцискиот потег за кој ЕУ тврди дека Белорусија го направила како одговор на санкциите на ЕУ.

Литванија исто така почна изградба на ограда од бодликава жица вдолж својата граница со Белорусија, а министрите за внатрешни работи на 12 земји (Австрија, Бугарија, Кипар, Данска, Естонија, Грција, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Чешка и Словачка) ѝ испратија писмо на Европската комисија барајќи ЕУ да ги финансира тие градби.

Во петокот претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен одговори дека Европската Унија нема да финансира „бодликава жица и ѕидови“ на границите.

Зехофер предупреди вчера дека ќе се заостри контролата на границата со Полска и дека полициски сили со 800 луѓе се веќе распоредени.

„Ако биде потребно, спремен сум дополнително да ги зајакнам“, кажа тој.

Според податоците на германското министерство за внатрешни работи, околу 5.700 луѓе нелегално ја минале границата меѓу Германија и Полска од почетокот на годината.

Зехофер, кој исклучи затворање на границата со Полска, му пиша минатата недела на својот полски колега Мариуш Камински и му предложи да ги зајакнат заедничките патроли на границата пред сè поголемиот број мигранти.

Камински му одговори дека „Полска ќе пружи целосна поддршка на тие мерки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ