среда, 22 април 2026

Потопен кинески град во кој живеат над 10 милиони луѓе, најмалку 12 мртви (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во Женгжу, град со над 12 милиони жители сместен на бреговите на реката Јанг це, 12 луѓе смртно настрадаа во поплава на подземната железница додека 500 луѓе се спасени, објавија локалните власти.

На снимката објавена на социјалните мрежи синоќа, може да се види како луѓето стојат до половина во матна вода, додека метро станицата изгледа како огромен базен.

[video:https://youtu.be/KnCsJPhFrsQ autoplay:0]

Милиони во Женгжу се погодени од последиците на невремето кое трае од викендот, откако областа на покраината Хенан е зафатена од поплавите на околните реки кои надојдоа поради невообичаено активната сезона на дождови.

Бројни железнички линии низ покраината, која е главен јазол на централна Кина се прекинати. Затворени се и голем број автопати, а летовите се откажани или одложени.

Патиштата се поплавени во десетина густо населени града. На снимките објавени на социјалните мрежи може да се видат жители на таа област како се пробиваат низ поплавените улици.

Од саботата вечерта до доцна синоќа во областа на градот Женгжу се измерени 617,1 милиметар дожд – што е речиси еднакво на годишниот просек за оваа област, кој изнесува 640,8 милиметри.

Според прогнозите, обилните дождови ќе траат до денес, но врнежите во целата провинција ќе продолѓат во следните три дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ