вторник, 5 мај 2026

Португалија им забрани на шефовите да испраќаат пораки до работниците надвор од работното време

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката е дел од законските измени донесени за балансирање на приватниот и професионалниот живот, особено во врска со фактот дека многу работници работат од дома, пишува Сибиз.

Компаниите со повеќе од десет вработени може да се соочат со казна доколку ги контактираат работниците надвор од времето наведено во нивните договори за работа.

Донесени се и нови правила за далечинско работење на работниците со деца. Родителите можат да работат од дома без временско ограничување, без да бараат дозвола од своите работодавци, додека нивните деца не наполнат осум години.

Компаниите исто така би можеле да бидат принудени да платат дел од трошоците за работа од дома, на пример за струја или интернет.

Бидејќи кај работниците може да се појави чувство на изолираност, од компаниите се очекува да организираат редовни физички состаноци.

Сепак, некои елементи од правниот пакет не беа прифатени во португалскиот парламент, вклучително и „правото на исклучување“, кое ќе им овозможеше на работниците да ги исклучуваат сите уреди по работното време.

Португалската министерка за труд и социјална заштита Ана Мендес Годињо на конференцијата во Лисабон рече дека работата на далечина менува многу работи и дека нејзиниот раст мора да се регулира.

Таа се надева дека подобрата заштита на работниците ќе привлече и многу странци да дојдат и да работат во Португалија, велејќи дека ја смета својата земја за „едно од најдобрите места во светот за дигиталните номади и работниците што работат од далечина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ