Според новиот систем, сите бродови кои имаат намера да поминат низ стратегиски важниот морски премин ќе добијат електронска порака од адреса поврзана со телото наречено Управа за теснецот на Персискиот Залив (ПГСА), во која се наведени новите правила и прописи за премин.
Според овие правила, бродовите ќе мора да добијат посебна дозвола за транзит пред да влезат во теснецот, кој се смета за еден од најважните јазли во светот за транспорт на нафта.
Оваа иницијатива е опишана како „суверен систем за управување“ кој сега е оперативен во Ормускиот теснец, според извештајот.
Во Ормускиот теснец на сила се два системи за регулирање на поморскиот сообраќај, едниот управуван од Иран, а другиот е тој со кој Американците сакаат да обезбедат премин на бродовите низ теснецот. Сепак, транзитот на бродови низ Ормускиот теснец е сè уште минимален, без индикации за враќање на ситуацијата од пред почетокот на конфликтот.






