четврток, 7 мај 2026

Поранешниот австриски канцелар Курц се поврзува со шпионска фирма која работи за ЦИА

Објавено на

часот

Сподели

Весникот Австрија јави, повикувајќи се на информации од тесниот круг пријатели на Курц, дека поранешниот канцелар потпишал договор со приватна компанија во американскиот инвестициски сектор.

Кронен наведе дека Курц ќе преземе менаџерска позиција во Силициумската долина. Таблоидот Експрес, пак, јави дека Курц добил работа во компанијата Палантир која се бави со анализа на податоци.

Палантир има контроверзно минато. Компанијата, имено, е обвинета за продажба на софтвер кој ја крши заштитата на податоци. Нејзини клиенти се ЦИА, ФБИ, НСА и Пентагон. Американското здружение за граѓански права АЦЛУ објави дека Палантир е „клучна компанија во индустријата на шпионирање“, пишува Бизнис инсајдер.

Пресе исто така наведува дека Курц би можел да работи за бизнис соработникот од својот близок круг, Петер Тил, кој во 2004 ја основал Палантир. Тил, милијардер роден во Франкфурт, стана познат како коосновач на платежниот сервис Пејпал. Подоцна беше активен инвеститор и голем политички донатор. Тил, на пример, вложи милиони во изборната кампања на Доналд Трамп.

Меѓутоа, Пресе пишува и дека овие тврдења не се вистинити бидејќи поранешниот австриски канцелар не може да работи за Палантир од правни причини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ