Кина, втората најголема светска економија, веројатно ќе доминира во многу клучни технологии во создавање, особено со вештачката интелигенција, синтетичката биологија и генетиката во идните десет години, според проценките на западните разузнавачки служби.
Николас Чејлан, првиот шеф на одделот за развој на софтвер во Пентагон, се повлече во знак на протест против бавната технолошка трансформација во американската војска.
„Немаме шанси да ѝ конкурираме и да се бориме со Кина за 15 до 20 години. Во моментов тоа е готово нешто, моето мислење е дека е веќе готово“, кажа тој за британскиот весник.
Кина би можела да доминира со иднината на светот, да контролира сè, од медиумските наративи до геополитиките, додаде.
Чејлан за тоа ја обвинува спората иновација, неспремноста на американските компании како Гугл да работат со државата на вештачката интелигенција и опсежните етички расправи за технологијата.
Кинеските компании, вели Чејлан, се обврзаа да работат со нивната влада и „масовно вложуваат“ во вештачката интелигенција без оглед на етиката.
Додаде дека американската кибернетичка одбрана во некои владини оддели е на „ниво на градинка“.
Чејлан оставката ја најави на почетокот на септември, објаснувајќи дека воени функционери повеќе пати биле задолжени за кибернетички иницијативи за кои им недостасува искуство.
Секретарот на американските воздухопловни сили Френк Кендал разговарал со Чејлан за неговите препораки за развој на софтверот во иднина по неговата оставка и му се заблагодарил на придонесот, објави ФТ.






