четврток, 7 мај 2026

Поради кризата со гасот рекордна побарувачка за јаглен во светот

Објавено на

часот

Сподели

Употребата на енергијата добиена од јаглен се намали за 4 отсто во 2020 откако пандемијата предизвика глобално економско успорување, но ИЕА открила дека побарувачката за електрична енергија годинава го надминала растот во нискојагленичните извори, што довело до тоа многу богати економии повеќе да зависат од електроцентралите на фосилни горива.

Количеството електрична енергија произведено од централите на јаглен пораснало за девет отсто оваа година по зголемувањето на побарувачката за фосилни горива за да се поттикне опоравување од коронакризата, се наведува во извештајот.

Глобалната криза во снабдувањето со гас, која предизвика рекордно високи цени низ светот, исто така помогна повторно да се јави побарувачка за јаглен, се истакнува.

Агенцијата открила дека глобалната побарувачка за јаглен, вклучувајќи го производството на цемент и челик, пораснала за шест отсто вкупно годинава.

Иако вкупната побарувачка не ги достигнува рекордните нивоа на побарувачка за горивото од 2013 и 2014 година, ИЕА предупреди дека без интервенција на политиката тоа ниво може да биде надминато следната година.

Фатих Бирол, извршен директор на ИЕА, кажа дека „јагленот е најголемиот поединечен извор на глобалните емисии на јаглерод, а историски високото ниво на производство на електрична енергија од тој енергенс годинава е загрижувачки знак колку светот е далеку од напорите да се намалат емисиите на загадувањето“.

„Без силни и моментални акции на владите околу емисиите на јаглен – на начин кој е праведен, достапен и безбеден за оние кои се погодени ќе имаме мали шанси, ако воопшто ги има, да го ограничиме загревањето на 1,5 Целзиусови степени“, кажа Бирол.

Извештајот доаѓа неколку недели по завршувањето на климатските преговори Коп26, кои завршија со жестоко несогласување околу ветувањето дека ќе се откаже од употребата на јаглен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ