сабота, 25 април 2026

Попови во манастирот на Цетиње пееле „Кога војската на Косово ќе се врати“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Поради блокадите на улиците и бројните демонстранти на кои полицијата фрлаше солзавец и шок-бомби, српскиот патријарх Порфирие и новиот митрополит Јоаникие во манастирот на Цетиње стигнаа со хеликоптер на специјалната полиција.

Во меѓувреме поповите во манастирот се загревале за устоличувањето со песна.

Како што се гледа на снимката на Вечерње новости, тие ја пееле песната „Јечам жела“, со стихови „Кога војската на Косово ќе се врати“ (Kad se vojska na Kosovo vrati).

[video:https://youtu.be/6DjTuPf4NRc autoplay:0]

Некогашниот митрополит Амфилохие Радовиќ, чија најдрага песна ја пееле свештениците, беше омилен кај српските националисти. Амфилохие е запаметен и по тоа што на Цетиње го пречекувал воениот злосторник Жељко Ражњатовиќ Аркан.

Влијанието на Амфилохие во Црна Гора било толкаво што се верува дека токму тој ја обединил просрпската коалиција За иднината на Црна Гора и на нејзиното чело го поставил Здравко Кривокапиќ, кој сега е црногорски премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ