четврток, 23 април 2026

Поплави во Северна Кореја оштетија куќи и мостови, Ким Џонг Ун испраќа помош

Објавено на

часот

Сподели

Стотици хектари земјоделско земјиште било поплавено во јужната покраина Хамгионг, а патиштата и домовите биле оштетени поради пукање на браните, додаде телевизијата. Временската катастрофа се случи откако Ким Џонг Ун во јуни призна дека неговата земја се соочува со тешка ситуација во поглед снабдување со храна.

Ким нареди да се испрати градежен материјал и финансиска поддршка за покраината, објави државната новинска агенција КЦНА. Земјата е поплавена, а нови дождови се закануваат, предупреди Ри Јонг Нам, заменик директор на севернокорејската метеоролошка служба и рече: „Прогнозите гласат дождови до 10 август во неколку покраини“.

На Северна Кореја и се заканува недостиг од 860.000 тони храна оваа година, според проценката на Агенцијата за храна на ОН (ФАО) објавена во јули. Агенцијата предупреди дека тешкиот период ќе биде од август до октомври.

Севернокорејскиот режим е под меѓународни санкции бидејќи развива недозволени воени програми, а земјата со децении се бори да обезбеди доволно храна за своето население па редовно има недостаток на храна.

Дополнителен притисок е создаден поради одлуката на властите да ги затворат границите со цел да се потисне пандемијата на коронавирусот. Северна Кореја сè уште ги трпи последиците од серијата бури и поплави од минатата година. Голем глад ја погоди Северна Кореја во 1990 -тите, кога се распадна Советскиот Сојуз, сојузник што испраќал помош, и во тој период умреле стотици илјади луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ