среда, 22 април 2026

Поплави ја погодија Кина, десетици градови под вода (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Хенан, густо населена покраина двојно поголема од Австрија од викендот е погодена од невреме во невообичаено активната дождовна сезона.

Нема официјални извештаи за загинати или повредени, но репортерот на Еј-би-си известува дека засега едно лице загинало.

Во Женгжу, главниот град на Хенан на бреговите на Жолтата река, во вторникот за еден час паднале повеќе од 200 мм дожд, принудувајќи го градот да го прекине целиот сообраќај во подземната железница.

Во драматичното видео споделено на социјалните мрежи, патниците во подземната железница може да се видат во матна вода до половината и железничката станица претворена во базен.

Во Ружоу, југозападно од Женгжу, надојдената вода на улиците носела автомобили и други возила, покажуваат снимките на социјалните мрежи.

Надојдената река Ји им се заканува на пештерите Лонгмен заштитени од УНЕСКО каде се наоѓаат илјадагодишни статуи на Буда исклесани во варовнички карпи во близина на градот Луојанг.

Храмот Шаолин во Денгфенг, познат по своите ориентални боречки вештини, исто така е привремено затворен.

Од саботата до вторникот на 3.535 метеоролошки станици се забележани врнежи поголеми од 50 mm, од кои 1.614 повеќе од 100 mm и 151 повеќе од 250 mm.

Најголеми врнежи имало во градот Лушан, 498 мм. Дождот, според прогнозата треба да престане во четврток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ