сабота, 18 април 2026

Помилуваните каталонски сепаратисти излегоа од затвор (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Советот на министрите вчера го одобри помилувањето на деветтемина осудени на затворски казни поради обидот за сецесија во есента 2017 година.

Од затворот северозападно од Барселона денес околу пладне излезе поранешниот потпретседател на Каталонија Ориол Жункерас, и уште осум сепаратисти.

Пред затворот ги дочекаа поддржувачи.

[video:https://youtu.be/bJAQ5C-Jr4Y autoplay:0]

Жункерас во 2019 ја доби најтешката казна од 13 години затвор. Сите во затворот минаа меѓу три и пол и четири години.

Според помилувањето, укинати се преостанатите години од нивните затворски казни, но задржан е нивниот статус како неприкладни за јавна функција.

Владата најави дека помилувањата може да бидат повлечени ако повторно се обидат да придвижат отцепување.

[video:https://youtu.be/3LA1y2izLX4 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ