вторник, 5 мај 2026

Полска објави дека Белорусија ги одвезува мигрантите од границата: „Лукашенко изгуби“

Објавено на

часот

Сподели

„Добив информација дека Лукашнко ги обезбедил првите автобуси за заминување на мигрантите. Шаторот кај Кужњица се празни“, кажа државниот секретар во министерството за внатрешни работи на Полска за телевизијата Република.

„Се чини дека Лукашенко ја изгуби својата битка за границата“, додаде тој.

Дмитриј Шевцов, генералниот секретар на белорускиот Црвен крст, кажа дека на граничниот премин неколку автобуси ги одвезуваат мигрантите од границата во детски камп за одмор кој се наоѓа во близина.

Меѓутоа, повеќето мигранти останале во шаторите и складиштата во близина на границата, додаде тој.

Граничните полицајци наведуваат дека автобуси до Минск се организирани и за мигрантите кои сакаат да се вратат во Ирак. Во моментов не се знае кога тие автобуси ќе тргнат.

Илјадници мигранти, главно од Ирак и Авганистан, се обидуваат од Белорусија да влезат во Полска, што доведе до хуманитарна криза на источната граница на Европската Унија.

ЕУ го обвини Лукашенко дека ги намамил очајните луѓе во Белорусија и дека ги превезува до границата со Полска, каде се заробени во студот, без засолниште и со малку храна.

Брисел тврди дека Минск ги користи мигрантите како пиони во хибридната војна против ЕУ поради непризнавањето на победата на Лукашенко на претседателските избори минатата година, и санкциите поради репресијата на опозициските протести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ