„ЕЦЈ целосно го занемарува и игнорира полскиот устав и пресудата на уставниот суд“, напиша заменик министерот за правда Себастијан Калета на Твитер. Тој истакна дека Европскиот суд ги надминува своите овластувања.
„Тоа е уште една фаза во операцијата Полска да се лиши од своето влијание врз политичкиот систем на нашата земја, тоа е узурпација и уценување“, напиша Калета.
Највисокиот европски суд денес ѝ нареди на Полска да плати милион евра дневно поради долготрајниот спор на таа земја со Европската Унија во врска со независноста на правосудството.
Денешната пресуда на Европскиот суд на правдата следи откако извршниот орган на ЕУ, Европската комисија, побара „финансиска казна“ за да се обезбеди полско потчинување на пресудата на европскиот суд од јули.
Unia Europejska to wspólnota suwerennych państw, w której obowiązują jasne reguły. Wynika z nich jasny podział kompetencji pomiędzy UE a kraje członkowskie. Kwestia regulowania organizacji wymiaru sprawiedliwości jest wyłączną kompetencją państw członkowskich.
— Piotr Müller (@PiotrMuller) October 27, 2021
Судот соопшти дека казната е неопходна со цел избегнување сериозна и непоправлива штета на правниот поредок на Европската Унија и вредности на кои унијата е втемелена, особено на владеењето на законите.
Европската комисија, која го надгледува почитувањето на европските закони, сака судот со седиште во Луксембург да ѝ наметне дневни казни на Полска сè додека таа не дејствува на подобрување на функционирањето на полскиот врховен суд и да ги укине закони кои смета дека ја поткопуваат независноста на правосудството.
Членките на ЕУ со години предупредуваат на она што го сметаат за кршење на демократските принципи во Полска кога станува збор за независноста на правосудството или за слободата на медиумите.
Конфликтот повторно изби на почетокот на месецот кога полскиот уставен суд пресуди дека полските закони имаат првенство над европските во полињата каде двете страни се судираат.






