четврток, 7 мај 2026

Полска бара од новиот германски канцелар да не го отвора Северен тек 2

Објавено на

часот

Сподели

Шолц дојде во Варшава за прв пат откако минатата недела ја замени Ангела Меркел и веднаш по посетата на Париз и Брисел.

На заедничката прес-конференција меѓу двајцата премиери, Моравјецки ги повтори полските аргументи за опасноста од руското „уценување“ на Украина и од „дестабилизацијата на источната страна на НАТО и ЕУ“.

Шолц истакна дека неговата земја „ќе направи сè за Украина и во иднина да остане земја на транзит на гас“, а полскиот премиер рече дека е „подобро да не се одобри отворањето на Северен тек 2“.

Гасоводот долг 1.200 километри, кој оди од Русија до североисточна Германија преку Балтичкото Море, беше завршен во септември, но сè уште не е пуштен во употреба поради доцнење со издавањето дозволи.

Шолц предупреди дека може да има „последици“ за гасоводот доколку Русија одлучи да ја нападне Украина.

Иако зборуваа за „ново поглавје“ во билатералните односи, чија „задача е понатамошно нивно зајакнување“, рече Шолц, двајцата лидери останаа на различни гледишта за низа важни прашања.

Двајцата лидери разговараа и за спорот меѓу Полска и Европската комисија во врска со судските реформи во Полска, поради кои доцни исплатата на европските пари за обнова на земјата.

Моравјецки изрази желба да се реши спорот „што е можно поскоро“ и рече дека му предложил некои „решенија“ на својот соговорник, без да каже кои.

Но, Шолц рече дека се надева на „прагматично решение“, нагласувајќи дека „владеењето на правото и демократијата се основни вредности“.

Повторувајќи го барањето за германска исплата на воена отштета од Втората светска војна, Моравјецки спомна „рани кои никогаш не зараснале“.

Но, Шолц потсети дека прашањето е решено со меѓувладин договор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ