среда, 22 април 2026

Политико: Грабар-Китаровиќ би можела да стане шефица на НАТО. Има импресивна биографија

Објавено на

часот

Сподели

Но, шпекулациите се веќе започнати во Брисел и другите престолнини на Алијансата, а некои официјални лица, дипломати и аналитичари велат дека по 72 години, крајно време е НАТО да ја назначи првата жена на највисоката цивилна позиција. Други велат дека, со оглед на континуираната конфронтација со Русија, изборот на некој од Источна Европа ќе испрати важен сигнал до Москва.

Кога овие два императива ќе се спојат, на врвот на листата со кандидати се појавуваат три имиња: поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешната литванска претседателка Далија Грибаускаита и сегашната претседателка на Естонија, Керсти Каjулаид.

Грабар-Китаровиќ, која беше прва хрватска претседателка во периодот од 2015 до 2020 година, има предност што веќе работела во седиштето на НАТО како помошник генерален секретар за јавна дипломатија од 2011 до 2014 година. И во таа работа била првата жена. Нејзините противници велат дека својата политичка кариера ја градела како конзервативка на десниот центар, за да се доближи до тврдата десница за време на неуспешната кампања во претседателските избори во 2019 година.

Под притисок на популистичкиот противкандидат се поместила надесно, што довело до обвинувања дека во кампањата вербално им се приближува на десничарските гласачи, за на крај да загуби од поранешниот премиер на левиот центар Зоран Милановиќ.

Но, Грабар-Китаровиќ може да се пофали со една од највпечатливите биографии меѓу потенцијалните идни шефови на НАТО, вршејќи ја должноста хрватска министерка за Европа и министерка за надворешни работи. Таа играла силна улога во успешните апликации на Хрватска за членство во ЕУ и НАТО. Таа исто така ја вршела должноста амбасадор во САД од 2008 до 2011 година, што значи дека има силни врски со Вашингтон, што ќе има пресуден збор во одлуката за нов генерален секретар на НАТО.

Како соработничка на Институтот за политика на Американскиот универзитет, Грабар-Китаровиќ оваа пролет одржа семинар за иднината на НАТО што може да послужи како аудиција за новата работа, кога нагласи дека одредено време поминала на терен во Авганистан додека работела како помошник генерален секретар.

„Ја сакав мојата работа во НАТО, зедничкото работно искуство и атмосферата“, рече Грабар-Китаровиќ на почетокот на предавањето, на кое присуствуваше и поранешниот генерален секретар на НАТО од 2004 до 2009 година Јап де Хоп Шефер, поранешен холандски министер за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ