сабота, 18 април 2026

Полицијата со солзавец ја растера геј-парадата во Истанбул (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс ја сними полицијата како турка и влече луѓе, од кои некои вееја знамиња во боите на виножитото, додека се собираа на улица во близина на централната авенија Истиклал.

Приведени се околу 20 лица, меѓу кои и еден фоторепортер, објавија медиумите.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=_DHJaN8msoo autoplay:0]

Турските власти во последните години неколку пати ја забрануваа Парадата на гордоста. Претходно илјадници луѓе учествуваа на овие паради по улиците на Истанбул. Турција одамна е кандидат за влез во Европската Унија, но нејзиниот процес на пристапување е отежнат од различни прашања, вклучително го и почитувањето на човековите права.

Во заедничкото писмо во четвртокот повеќето лидери на ЕУ ветија дека ќе продолжат да се борат против дискриминацијата на ЛГБТ-заедницата во време на спор со Унгарија, чиј парламент минатата недела го одобри законот за забрана за дистрибуција на материјали во училиштата што, според властите, ја промовираат хомосексуалноста и промена на полот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ