Причината за експлозијата сè уште не е утврдена, во текот на истрагата јавниот обвинител забрани пристап до фабриката, додека локалниот сообраќај е пренасочен на алтернативни патишта.
Подрачјето околу фабриката е блокирано, пребарувањето на теренот е во тек, пожарникарите се во постојано дежурство, а специјална комисија ја утврдува штетата во фабриката и на седумдесетина околни куќи оштетени од јачината на експлозијата која се случи во погон во кој во моментот на инцидентот имало четириесеттина работници.
Во фабриката Еде про, која произведува противградни ракети, низата експлозии се случиле во магацинот за ракетно гориво со површина од 240 квадратни метри, во кој имало 500 противградни ракети.
[video:https://youtu.be/HpsAAkiTrUk autoplay:0]





