среда, 22 април 2026

Почина данскиот карикатурист познат по цртежот на пророкот Мухамед

Објавено на

часот

Сподели

Вестергард почина по долго боледување, соопшти семејството, објави Берлингске.

Илустраторот е автор на најпознатите 12 карикатури објавени на 30 септември 2005 година во данскиот конзервативен дневен весник Јуландс-Постен под наслов Лицето на Мухамед, каде пророкот е прикажан со турбан во форма на бомба.

Карикатурите првично поминале незабележани, но по 15 дена е одржан протест во Копенхаген, а потоа протестираа амбасадорите на муслиманските земји во Данска.

Тогаш ескалираше гневот што резултираше со антиданско насилство во муслиманскиот свет во февруари 2006 година.

Насилството поврзано со карикатурите кулминираше во 2015 година за време на нападот врз францускиот сатиричен неделник Шарли ебдо во Париз, кога беа убиени 12 вработени. Неделникот повторно ги објави карикатурите во 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ