Овие санкции, објавено во соработка со Европската Унија, Соединетите Американски Држави и Канада, целат седум поединци и еден ентитет, наведе британското министерство за надворешни работи. Се воведуваат и мерки врзани за кршењето на човековите права кон четири лица и еден ентитет, се додава.
Лондон подготвува дополнителни мерки против точно одредени сектори на белоруската економија.
Соединетите Држави наметнаа целени финансиски санкции и визни ограничувања за неколку десетици функционери и ентитети од Белорусија. Вашингтон соопшти дека американските санкции се усогласени со оние од Европската Унија, Обединетото Кралство и Канада. Казнените мерки се против советниците на белорускиот претседател Александар Лукашенко и клучните министри за внатрешни работи и информирање.
„Санкциите ги целат и правосудниот систем и разузнавачките служби како одговор на приземјувањето на авионот на крајот на мај и апсењето на претставникот на опозицијата“, кажа државниот секретар Ентони Блинкен. Тие се одговор на трајната репресија во Белорусија и кршењето на човековите права, се додава во соопштението.
Министрите за надворешни работи на членките на ЕУ воведоа санкции против 78 поединци и осум правни субјекти од Белорусија поради сериозни кршења на човековите права и репресијата кон граѓанското општество, демократската опозиција и новинарите.






