сабота, 2 мај 2026

Пленковиќ: Хрватска го поддржува процесот на проширување на ЕУ на соседните земји

Објавено на

часот

Сподели

„Позицијата на Хрватска е многу јасна. Ние ја поддржуваме европската перспектива, процесот на проширување на ЕУ во нашите соседни земји. Сметаме дека тоа е исклучително важно и дека таа порака треба силно да се испрати денес“, кажа Пленковиќ пред неформалната работна вечера со колегите од ЕУ.

Додаде дека декларацијата ќе содржи термини како европска перспектива и процес на проширување, но кажа дека „не е реално да се очекува“ дека во неа ќе биде наведена временска рамка за влезот на тие земји во ЕУ.

Словенечкото претседателство со Советот на ЕУ предложи во декларацијата да се наведе дека ЕУ треба да биде спремна за прием на сите земји од Западниот Балкан најдоцна до 2030 година. На тоа се противат пред сè земјите од Западна Европа, но добро е да се отвори прашањето за временската рамка, кажа Пленковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ