среда, 22 април 2026

Педро Кастиљо е новиот претседател на Перу

Објавено на

часот

Сподели

По пребројувањето на 100 посто од гласачките ливчиња, Педро Кастиљо (51) доби 50,13 проценти од гласовите, а Фуџимори (46) 49,87 проценти од гласовите.

Кастиљо доби 44.263 повеќе гласови од ќерката на поранешниот претседател Алберт Фуџимори (1990-2000).

Непосредно пред официјалното објавување на конечните резултати, Фуџимори ја призна победата на својот противник бидејќи, како што рече, тоа од неа го бара „уставот за кој се заколна дека ќе го брани“.

Против Кеико Фуџимори се води истрага за корупција за време на претходните претседателски кампањи во 2011 и 2016 година, каде загуби во вториот круг. Таа веќе издржа 16 месеци превентивен притвор и може да се соочи со 30 години затвор.

Кастиљо ќе ја преземе функцијата на 28 јули, кога истекува мандатот на сегашниот претседател Франциско Сагасти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ