Човекот најпрво се обидел да влезе во пилотската кабина, а потоа успеал да ја отвори вратата и да скокне на излезната рампа за во случај на опасност, велат извори од аеродромот и авиокомпанијата.
Мажот бил приведен и повредите што ги добил не се опасни по живот.
ФБИ го истражува инцидентот.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=RGiKKghFUYM autoplay:0]Ова е втор инцидент на истиот аеродром во последните два дена, откако во четвртокот еден човек со автомобил ја проби аеродромската ограда и се возеше по пистите додека полицијата го бркаше. Тој исто така е уапсен.






