четврток, 23 април 2026

Парижани поднесоа тужба поради оловната прашина од Нотрдам

Објавено на

часот

Сподели

Стотици тони олово од покривот на катедралата се стопија за време на пожарот, пишува Би-би-си.

Ова испуштило токсични честички во воздухот, кои паднале на околната област.

Во тужбата на граѓаните се вели дека властите покажале „огромна небрежност“ затоа што дозволиле жителите да бидат изложени на штетната материја.

Адвокатите на две локални семејства чии деца наводно биле изложени на оловната прашина во домовите и училиштата, како и на едно здравствено здружение и еден синдикат, велат дека властите ги загрозиле животите бидејќи не реагирале на ризикот од труење со олово.

Вкупно 400 тони оловна прашина биле расфрлани над главниот град на Франција за време на пожарот на 15 април 2019 година, според медиумите.

Плоштадот пред катедралата, која се реновира, беше затворен во мај годинава, откако тестовите открија голема концентрација на токсични оловни честички.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вети дека катедралата ќе биде обновена до 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ