И покрај жештината, мажот во црвено-син костим трпеливо го чекаше својот ред во салата за аудиенција, опкружен од свештеници во одори. Кога дојде на ред се ракуваше со папата на кого му подари Спајдермен маска.
Неговото присуство во дворот на Апостолската палата дури ризикуваше да ја „загрози популарноста на папата“, облечен во бело. Спајдермен, омилен лик на децата, се фотографираше со присутните.

Станува збор за 28-годишниот Италијанец Матија Вилардита, а за него пишуваше дури и сериозниот Опсерваторе романо, официјалниот ватикански весник обично фокусиран на апстрактните теолошки расправи.
[video:https://youtu.be/5gHzTObEMIw autoplay:0]Момчето, вработено во пристаништето во Лигурија, веќе неколку години волонтира во болниците за да им помогне на болните деца да се насмеат, појавувајќи им се како Спајдермен.

За време на карантинот поради коронавирусот, Италијанецот објави повеќе од 1.400 видео снимки со деца.
Од претседателот на Италија на почетокот на годината доби високо признание кое им се доделува на граѓаните за нивниот алтруизам.






