среда, 22 април 2026

Папата им се обрати на верниците по враќањето од болница: Да научиме да го исклучиме мобилниот

Објавено на

часот

Сподели

„Да запреме со избезуменото брзање што го диктира нашиот дневен ритам. Да научиме како да направиме пауза и да ги исклучиме мобилниот“, рече папата Франциско во обраќањето до верниците од прозорецот со поглед на плоштадот Свети Петар.

Дел од дебелото црево на 84-годишниот папа беше отстранет со операција на 4 јули. Ова беше прв сериозен здравствен проблем на папата Франциско во неговиот осумгодишен понтификат.

Минатата недела Ангелус предводеше од балконот на својата соба во римската болница Гемели. Во средата се врати во Ватикан, а неговите помошници морале да му помогнат при излегувањето.

Тој во неделата изгледаше добро и зборуваше јасно со силен глас, пишува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ