недела, 3 мај 2026

Пандемијата ќе потрае и во текот на 2022 година

Објавено на

часот

Сподели

Доктор Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со ковидот би можела „лесно да се растегне длабоко во 2022 година”, пренесува Би-би-си.

Вакцинирани се помалку од пет отсто од африканското население, во споредба со 40 отсто на повеќето други континенти.

Велика Британија на земјите на кои им се потребни им испорача повеќе од 10 милиони вакцини, а им ветила вкупно 100 милиони.

Огромен дел од вакцините против ковидот им е даден на земјите со високи или со средни приходи, додека на Африка отпаѓаат само 2,6 отсто од дозите дадени во целиот свет.

Група добротворни организации, која ги вклучува Оксфам и УНаидс, ги критикуваа Канада и Велика Британија поради набавката на вакцини за своето население преку Ковакс, глобалната програма за праведна дистрибуција на вакцини, која ја поддржуваат ОН.

Официјалните податоци покажуваат дека претходно оваа година Велика Британија примила 539.370 дози од вакцината на Фајзер, додека Канада зела нешто помалку од милион дози од вакцината на Астразенека.

Ејлвард апелираше богатите земји да се откажат од „местото во редот” за вакцини за да можат фармацевтските компании да им дадат предност на земјите со најниски приходи.

„Можам да ви кажам дека не сме на вистинскиот пат. Навистина мора да забрзаме или знаете што ќе се случи? Оваа пандемија ќе трае една година подолго отколку што е потребно”, изјави Ејлвард.

Сојузот на добротворни организации „Народна вакцина“ ги објави новите бројки, кои укажуваат на тоа дека само една од седумте дози што ги ветиле фармацевтските компании и богатите земји всушност стигнува до своите одредишта во сиромашните земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ