50-годишниот Отониел бил фатен за време на операцијата Озирис во руралниот дел на регионот Ураба.
Обвинет е дека во Соединетите Американски Држави испратил десетици пратки кокаин, а како што наведе Дуке, обвинет е и за убиство на полицаец, сексуално малтретирање деца и врбување малолетници.
Колумбија нудеше награда од 800.000 долари за информации за Отониел, додека американската влада понуди пет милиони долари за информација која би помогнала во неговото апсење.
„Ова е најголемиот удар за нарко дилерите во нашата земја во овој век“, порача претседателот Дуке, споредувајќи го со падот на Пабло Ескобар во 90-тите години од минатиот век.
[video:https://youtu.be/BVGX-mC8aMc autoplay:0]





