Акциите против Унгарија се поврзани со новиот закон со кој се забранува употреба на материјали во училиштата во кои се промовира хомосексуалноста.
„Не можеме да дозволиме сексуалните лобисти да влезат во нашите училишта. Брисел нè принудува да направиме нешто што не сакаме“, додаде Орбан, пренесе агенцијата МТИ.
Групите за човекови права протестираа против законот, кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го нарече – „срамен“.






